Мобилниот оператор на семејството Трамп потврди дека поради безбедносна дупка протекле лични податоци за 27.224 луѓе што го нарачале новиот „златен“ мобилен телефон Т1.
На интернет биле откриени имиња, електронски и поштенски адреси на луѓето што платиле депозит за телефонот, вклучувајќи и идентификатори на нарачките.
Внатрешната истрага на TrumpMobile утврдила дека не се загрозени чувствителните финансиски податоци за платежните картички и банкарските сметки. „Нема повреди на мрежата, системите или на инфраструктурата“, изјави портпаролот Крис Вокер.
Телефонот Т1 во златна боја беше пласиран на пазарот со задоцнување од цела година. Раните купувачи се регистрираа и платија депозит од 100 долари, за да го добија телефонот по привилегирана цена од 499 долари.
Производителите отстапија од првичната најава дека телефонот целосно ќе биде произведен во САД и втиснаа погрешно американско знаме на позадината.
Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.