- Вселенската компанија SpaceX на Илон Маск успешно ја тестираше Starship V3, најмоќната и најголемата ракета во историјата.
- Starship V3 беше лансирана од космодромот на Маск во Тексас, исфрли во орбита 20 тест-сателити и по еден час се врати во атмосферата, падна во Индискиот Океан и експлодираше, како што беше планирано.
- „Честитки до тимот за епското лансирање и спуштање. Постигнавте голем успех за човештвото“, порача Маск.
- „Еден чекор поблиску до Месечината... Еден чекор поблиску до Марс“, честиташе шефот на НАСА, Џаред Исакман.
- Ракетата Starship V3, висока колку 40-катница, е дизајнирана за првите летови со екипаж до Марс. Може да однесе во вселената летало или сателити со вкупна тежина од над 100 тони, а потоа контролирано да се спушти заради повторно користење.
- Успешниот тест му помага на SpaceX да привлече повеќе инвеститори кога во јуни ќе се појави на берзите, со рекордно висока почетна вредност од околу 1.250 милијарди долари.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.