- Володимир Зеленски го отфрли предлогот на германскиот канцелар Мерц за асоцијативно членство на Украина во Европската Унија, без да мора Киев да ги исполни строгите критериуми, но и да нема право на глас.
- „Не е фер Украина да биде присутна во ЕУ, а да остане без глас. Време е да се продолжи со членството на Украина на целосен и значаен начин“, напиша Зеленски во писмо до европските лидери.
- Тој додаде дека Украина дејствува како „бедем против руската агресија“ за целиот блок од 27 земји.
- „Ја браниме Европа – целосно, не делумно и не со полумерки. Украина заслужува фер пристап и еднакви права во рамките на Европа“, додава премиерот, чија влада е потресена од низа скандали за корупција.
- Европски функционери сметаат дека не е реално Украина да ги исполни условите за полноправно членство во следните неколку години. Пристапувањето бара и ратификација од сите 27 членки, што ја зголемува можноста за блокада или за развлекување на процесот.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.