Исус е првиот твитерџија

За среќа, и Ватикан го има својот отец Пимен. Кардиналот Џанфранко Раваси ги смирува сите оние кои го бараат ѓаволот на погрешно место. 

Ватиканскиот кардинал смета дека Исус Христос бил првиот светски твитерџија бидејќи неговите реченици биле кратки и полни со смисла.

Исус користеше твитови пред сите други, со основни пораки составени во помалку од 45 карактери, како онаа "Сакај го ближниот свој". А како и денешните телевизии, и тој ја испраќаше својата порака преку приказна и симболи, изјави Раваси. 

Кардиналот истакнал дека свештенството мора да ја искористи модерната компјутерска технологија.

Ако свештениците не се заинтересирани за комуникација, тие се спротивставуваат на својата должност, рече Раваси.

Ватикан е присутен на интернет од времето на Бенедикт а денешниот поглавар, само на англиската верзија има три милиони следбеници на Твитер.

Франциско ги сака и традиционалните начини на комуникација па често одговара на писма на верници и пишува долги текстови на религиозни теми кои се појавуваат во италијанскиот печат.

 

26 септември 2013 - 09:32