Додека одговарал на прашања на новинарите на летот за Рим, Папата зборувал за геј мажите и "геј лобито." Понтифот своите ставови околу хомосексуалноста ги искажал во контекст на прашањето за геј свештениците.
"Папата беше запрашан како би реагирал кога би дознал дека свештеник во неговите редови е геј, иако не е сексуално активен. Со години Ватикан го сметаше хомосексуализмот за 'пореметување' а претходникот на Папата Францис им забрани на хомосексуалните мажи да влезат во свештенството.
'Кој сум јас да му судам на геј лице кое добронамерно сака да го најде Бога. Не може да ги маргинализираш овие луѓе,' ја пренесува Вол Стрит Журнал изјавата на Папата."
За време на посетата на Бразил, Папата ги обиколи фавелите и затворите, го благослови Олимпиското знаме и собра 3 милиони луѓе на неделната миса на Копакабана. За споредба, во 2006-та, Стонси на бесплатниот концерт на Копакабана имаа публика од околу 1 милион.