На страна пресудата, сајтот (претежно за жени) xoJane разгледува дали е во ред западните народи да вежбаат јога.
Дилемата и проблемот за Хинду верниците е што тие на јогата и пристапуваат од духовен аспект, додека атеистите (или верниците на некоја од религиите) целиот овој процес го гледаат само како вежбање.
"Се борам со користењето на аспекти од религиозната пракса во секуларниот живот. До неодамна правев асана и пранајама како начин за фокусирање и зајакнување на самата себе. Ми се допаѓаше како овие вежби прават моето тело и мозокот да се чувствуваат, меѓутоа исто така имав длабоки дилеми од користењето на јога на начин кој немав чувство дека е во согласност со корените на оваа пракса, и од моето практикување на јога како атеист," пишува С.Е. Смит за xoJane.
Како што објаснува таа, она што во САД се нарекува "јога" всушност е само дел од многу поголема духовна пракса, од која тие најчесто го користат само физичкиот дел од вежбите.
"Ако јас не ни сонувам да одам на причестување во католичката црква кога би била таму како гостин, зошто тогаш би вежбала јога," објаснува авторката.