Непосредноста на папата Фрањо, во исто време значи и прекршување на цела книга со правила и процедури за неговото обезбедување.
Додека, претходните Папи доста внимателно го следеа протоколот, никој не може да претпостави каде ќе се движи новиот Понтиф, кога ќе реши да застане некаде или да отиде во некоја толпа за срдечно да гушне некој верник.
Папа Фрањо уште не првиот ден кога беше избран, надвор од сите протоколи отиде лично да ја плати сметката во хотелот во кој престојуваше за време на конклавата.
Експертите за безбедност оценуваат дека Папата не е во опасност додека вака се однесува низ Ватикан, меѓутоа работите ќе бидат далеку посериозни кога ќе започнат патувањата во странство. Според нив најголемата опасност за животот на Папата е лице со психички проблеми кое би ја искористило непосредноста за да влезе во историјата како атентатор на Папата.