Овие вториве годинава се на линија – "Исус (а и Дедо Мраз) е бел, и ако тоа прави да се чувствуваш непријатно не значи дека треба да се менува." А не е така.
Луѓето што ја истражуваат и ја учат темата свесни се дека како и сите Евреи од првиот век, и Исус би имал темна кожа, и да живее денес во Америка, тој најверојатно би бил застанат на аеродром за дополнителна проверка.
"Митот за белиот Исус има длабоки корени низ христијанската историја. Уште од Средниот век, а посебно за време на Ренесансата, познатите западни уметници го претставуваат Исус како Белец, најчесто со сини очи и коса. Веројатно поттикнати од одредени библиски пасуси кои ја поврзуваат светлоста со чистота и правичноста, а темнината со грев и зло. Овие слики создаваат стерилен син на бога. Единствен проблем е што овие претставувања историски се неточни," пишува Џонатан Мерит за Атлантик.
Самата библија многу малку зборува за физичкиот изглед на Исус, неговиот нос, боја на очи, кожа или коса. Едно од објаснувањата е дека библијата намерно не зборува за изгледот на Исус, бидејќи не споменувањето на бојата на неговата кожа е едно од објаснувањата зошто христијанството е толку привлечно за различни етнички заедници.
"Ако тој е локализиран - на пример ако е направен како маж со бледо лице - тогаш луѓето со црни лица ќе чувствуваат поголема дистанца меѓу Исус и нив, отколку меѓу Исус и нивните бели браќа. Наместо тоа, бидејќи библијата одбива да го опише Исус во однос на неговите расни карактеристики, неговото учење ги опфаќа сите. Само на овој начин црквата може да биде место на кое белците и монголите и Африканците седат заедно на божјата трпеза и сите мислиме исто за Исус, и го чувствуваме него како наш брат," објаснува еден американски свештеник во 1880-те.