Во 13:00 има ручек, по што следува 30-минутна дремка. Попладнето, по кратка молитва, тој продолжува со состаноците, по што работи на неговата кореспонденција и телефонски разговори. На крајот на денот, пред вечерата во 20 часот, обично има еден час поклонение во капелата.
"Идеално е да го завршиш денот уморен. Не толку уморен за да мораш да земаш апчиња, туку добро уморен. Ако е неодговорен замор, тоа е лошо за твоето здравје и ти скапо ќе платиш за тоа еден ден. Тоа е намерата, ама не секогаш успевам да го договорам - дури и јас сум грешник и не секогаш сум организиран," изјавил папата.
По бројки:
- Секој ден држи молитва во приватната капела во неговиот дом. Овие молитви ги следат радио и телевизија.
- Од станувањето Папа во 2013-та, Францис одржал миса во Санта Мара 229 пати - давајќи исто толку проповеди. И на секоја од овие миси секого лично го поздравува. Ако се соберат сите бројки, тоа значи дека тој им посакал добредојде на околу 12.000 луѓе откако беше избран пред 470 денови.
- Одржал 95 големи литургиски прослави, во Рим и надвор од него. Од нив, тој дал проповед на 73.
- Во изминатите 15 месеци, Францис напиша енициклика Lumen fidei (папско писмо кое имаше 88 страници), апостолска ексортација (обраќање до заедницата која има формална власт помала од еницикликата), три апостолски писма и четири "motu proprio" писма, како и 45 официјални писма. Тука не се вклучени и 55 пораки (од кои дел се видео) што ги испрати.
- Одржи 231 говор, и даде 73 благослови.
- До сега има одржано 54 приеми за општата јавност. Го има зголемено времето што го минува со верниците на плоштадот Св. Петар. А кога е со папамобилот се обидува да го покрие цел плоштад.
- Папата лично чита околу 50 писма на ден од 4-те илјади писма што му стигаат секоја недела и секогаш дава инструкции како да се одговори на нив. Со некои од луѓето се слуша и на телефон.