Рисјани свингери

Побожна брачна двојка од Флорида нашла иновативна техника да го проповеда божјиот збор, да ја шири евангелската мисија и да го љуби не - баш - толку ближниот свој: свингерството.

Кристи и Дин Параве се во душа христијани а во тело билдери (и двајцата учествуваат во натпревари). И првото и второто го користат за нивната трета активност, свингерството, често менување партнери и сексуални односи со други двојки.

Се сретнале онлајн пред 8 години и оттогаш редовно се мењаат. Многумина сметаат дека ваквата промискуитетност е во судир со нивните религиозни убедувања но тие искрено веруваат дека нивните нови познанства се одличен начин да се шири христијанската вера, љубов и надеж.

"Бог ме ставил овде за да ја пренесам неговата реч а свингерската заедница е одлична средина за тоа бидејќи не можеш да бидеш поблиску до човек отколку кога имаш секс со него' велат Параве и додаваат една фина христијанска метафора:

"Господ не би фрлил слон меѓу лавови. Затоа решил да фрли свингери меѓу свингери. Баш така едноставно. А доколку сите свингери се грешници, кој е најдобриот начин да им се приближиш? Да им се придружиш, така?"

Уверени дека свингерството е нивната божја мисија, имаат и веб сајт за наоѓање сродни души а твитер акаунтот им е чудесна мешавина од библиски цитати, црковни песни и апели за богоугодни дружења.

**********
Наш коментар (од филмот "Татко на службен пат"):

"ДРУГИ ЈЕБУ, А ТИ СЕ МУЗАФЕРЕ, КУПАЈ" :)))))

7 мај 2015 - 12:34