Коментарот на Папата се смета за ставање крај на сите "псевдо теории" на креационизам и интелигентен дизајн, кои според многумина (што длабоко се запознаени во папските работи) беа поддржани и поттикнати од неговиот претходник, папата Бенедикт XVI.
Францис објаснил дека двете научни теории не се некомпатибилни со постењето на креатор, туку дека тие имаат и потреба од него.
"Кога во Бититето читаме за креацијата, ризикуваме да го замислиме Господ како магионичар, со магично стапче, кој може се' да направи. Ама тоа не е така.
Тој создал човечки битија и им дозволил да се развиваат според внатрешни закони кои им ги дал на секое од нив за да можат да го достигнат своето исполнување.
Големиот тресок кој денес го сметаме за почеток на светот, не е спротивен на интервенцијата на божествен креатор, туку, има потреба од него.
Еволуцијата во природата не е спротивна со идејата за креација, бидејќи еволуцијата има потреба од креација на суштества кои ќе еволуираат," изјавил Францис.