Лепчето за причест мора да има доволно протеини за да може да се замеси без дополнителни адитиви, пресече Ватикан откако по интернет и по маркети почна да се продаваат безглутенски производи наменети за таа верска пригода.
Во писмо до бискупите, кардиналот Роберт Сара ги објасни новите правила околу хостијата, наведувајќи дека таа може да биде ниско-глутенска но не и без ич глутен, заради горенаведените причини.
Има упатство и за виното, кое мора да биде чисто и природно, добиено од зрна грозје, без мешање на други супстанци. Кардиналот напомена и дека процедуралните правила за оваа света тајна се утврдуваат по лично барање на Папата Франциско.