Доаѓа недела
Ноември 9-ти, 2016
Петок е, ама доаѓа недела. Ова не е писмото што се надевав дека ќе го пишувам. Ова не е писмото што ти сакаш да го добиеш на овој ден. Иако Велики Петок можеби е најпотполната претстава за петок што ја имаме, животот е исполнет со многу петоци.
За следбениците на Исус во првиот век, Велики петок го претставува денот кога сè се распаѓа. Сè е изгубено. Моментот и надежта од човекот кој тврди дека е Син Божји, Месијата кој треба сè да промени, се истоштени.
Иако Исус на своите следбеници им вели дека три дена подоцна храмот ќе биде возобновен, тие немаат претстава каква ќе биде таа недела. Тие издадоа, негираа, жалеа, избегаа и се сокрија. Тие направија речиси сè што можеа освен да се чувствуваат добро за петокот и околностите во кои се наоѓаат.
За нас, петок е телефонски повик од доктор дека имаме рак. Веста дека сме останале без работа. Тоа е предавството од пријатели, и загубата на некој драг. Петок е денот кога сè се распаѓа и кога целата надеж се губи. Сите ние имаме петоци. Меѓутоа, како што вели поговорката "доаѓа недела".
Денес ти искусуваш петок. Твојот петок е она што се случи изминатите неколку недели и трагичната загуба од мината вечер. Меѓутоа доаѓа недела!
Исус ја заврши мачната задача на откажување од својот живот како жртва за гревовите на светот. Неговата вера и вербата во неговиот небесен татко, му го дадоа блаженството и мирот за да се покори на петокот. Иако смртта налик победи, Исус знаеше како е. Кога тој рече "готово е" тој тоа не го мислеше како признание за пораз. Тоа беше објава дека доаѓа нов ден.
Петокот е готов. Доаѓа недела. Смртта ќе биде уништена. Надежта ќе биде возобновена. Меѓутоа прво мора да живееме во темнината и привидната безнадежност на петокот.
Знаеш дека една од моите омилени поговорки е "Бог не затвора една врата без да отвори друга, но во ходникот може да биде пекол". Сестро Хилари. Ти, нашата нација, нашиот свет искусуваат црн петок. Нашата надеж е дека доаѓа неделата. Меѓутоа веројатно некое време ќе биде пекол.
-----
Хилари Клинтон за улогата на верата во нејзиниот живот: