Вообичаениот наратив за падот на религиозноста гласи дека пред неколку века, умни луѓе ја доведоа во прашање вредноста на Бога во справувањето со животните прилики и неприлики. Науката станува сè поефикасен метод на утврдување на механизмите по кои функционира природата, општеството и човекот, секуларизацијата ги опфаќа сите сегменти од животот, вклучувајќи ја и државата и на тој начин верата ја губи некогашната моќ како движечка сила.
Се разбира дека не може да се донесе генерален заклучок кој ќе важи на глобално ниво, но што се однесува до Америка, ваквиот наратив не само што е редукционистички туку е и неточен, при што не ги фаќа ни причините ни реалноста на современата состојба со верата на северноамериканскиот континент.
Како прво, САД и натаму се доминантно религиозна земја. Голем број луѓе, и да не припаѓаат на одредена верска група, велат дека веруваат во Господ, а 40% се молат редовно (дневно или неделно).
Најголеми промени се случиле не во самата вера туку во начинот на која таа се практицира. На Американците, особено на младите, сè помалку им се оди на верски миси за да се идентификуваат со одредена верска организација.
Тие велат дека најголем проблем им е логистиката, тоест одењето и враќањето од миси и нивно вклопување меѓу другите секојдневни обврски и содржини. Добар дел од "нередовните" изразуваат и сомнеж во искреноста и репутацијата на самите црковни организации.
Истражувањето покажува и дека САД се напола поделената земја. 51% Американци одат в црква од неколку пати неделно до еднаш месечно а 49 % одат ретко или никогаш. При што контрастот се зголемува: тие што оделе денес одат уште почесто, тие што биле нередовни денес не одат ич.