Пишувајќи за постењето (не за православната верзија) Зо Вилијамс во Гардијан објаснува дека постот историски е досадна идеја „земаш време од годината кога и онака нема што да се јаде, па своето воздржување го дотеруваш во предмет на вера.“
Вилијамс пишува:
„Така барем сигурно им изгледа на средновековните неентузијастички христијани. Маса луѓе кои избегнуваат јагоди кои се уште немаат излезено за да прелажат Бог кој како и сите останати знае што, кога се жнее. (Во некои култури низ историјата за време на постот било забрането и овошје.)
Денешниот пост е помалку напорен, но почуден. Воден ниту од немаштија, ниту од вера - не-христијаните се навлечени на само-одрекување како и христијаните - туку повеќе е како мерење на колективна температура.
Сето она за кое вистински си згрижен трајно ќе го откажеш, не само на 6 недели. Класичните откажувања за постите секогаш се поткатегории: не се откажувам од екрани, туку само од Твитер; не од месо, туку само од сланина; не од алкохол, туку само од жестоки пијалоци. Ова има и елемент на перформанс, затоа што ако не сакаш да им кажеш на сите други, нема ни да го правиш во исто време со сите други. Меѓутоа и не некој возбудлив перформанс, затоа што никогаш не открива нешто посебно многу за тебе лично.
Духот на религиозноста околу традицијата, без разлика колку испосникот е посветен верник, значи дека дури и работата од која се откажува мора да биде во општи рамки на добробит.
Никој за пости не се откажува од порно.
Исто така ова е невозможно да се контролира - како што сите се откажуваат од различна работа не можеш да запаметиш повеќе од пет минути кој на што е. Ова се пренесува на цела сфера и изгледа дека нема некои предуслови за општествен добробит, па би можел да се откажеш од читање на лигави романи, од што корист не би имал никој друг, а најмалку ти, но тоа совршено би се вклопило во рамката на рандом-себе-камшикување.
А тоа во себе ја има вградено и маната на непостојаноста, па колку и да си добар за овие месец и нешто, во останатите 10 месеци од годината ти си бетер.“