Луѓе од ЦДУ на Меркел за Велт објаснуваат дека данокот за џамии е „важен чекор кој ќе дозволи исламот во Германија да се ослободи себе си од влијанието на странски држави.“
Во Германија веќе се собира црковен данок од католиците и протестантите од кој се финансираат црковните активности. На терен данокот го наплаќа државата а потоа го префрла на религиозните власти.
Заради непостоење на ваков данок, моментално џамиите во Германија се потпираат на донации што ги остава отворени на финансирање од странски организации и влади, што пак може да повлече промовирање на фундаменталистички идеологии.
Официјалните процени се дека во Германија живеат меѓу 4,4 и 4,7 милиони муслимани, меѓутоа оваа бројка опфаќа луѓе чии семејства традиционално се муслимански, а бројот на муслимани кои практикуваат ислам се верува дека е далеку понизок.
Освен претставниците на владејачката коалиција, наклоност кон планот за данок за џамии има и кај дел од муслиманските верски лидери, чие очекување е дека „во иднина сите потреби на заедницата ќе можат да бидат покриени од нејзините членови.“