Уште од насловот на првата студија, резултатите се јасни. Се вика „Војните ја зголемуваат религиозноста“ и во неа биле анализирани интервјуа со 1.709 лица од 71 село во три држави зафатени со граѓански војни: Сиера Леоне, Уганда и Таџикистан.
Податоците укажуваат на тоа дека колку повеќе и пожестоко човек е зафатен од војната и нејзините насилства, толку повеќе се приближува кон религијата, верските групи и ритуалите. Тоа особено е поттикнато ако на човек му настрадал некој близок. Процентите се различни, поголемата изложеност на воениот виор, во Сиера Леоне 12% ги зголемиле шансите човек да се сврти кон религијата, во Уганда 14% а во Таџикистан 41%.
Дури и кога војната ќе заврши, религиозноста продолжува да игра значајна улога во животите на овие луѓе.
„Ефектите на религиозноста продолжуваат да важат и 5, 8 и 13 години откако војната ќе заврши,“ вели еден од авторите на студијата потсетувајќи дека ниедна од овие три војни немала верскми карактер.
Воените белји знаат да ја зголемат соработката меѓу луѓето и нивната кохезија но на специфичен начин. Луѓето се зближуваат но само во рамките на своите мали и локални групи. Му помагаш на човек од своето село како никогаш претходно, но за оние од другото село не сакаш да чуеш. Збивањето на групите може да биде проблематично ако се работи за групи со различна вероисповед на мал простор.
Ваквите наоди се потврдуваат и со втората студија во која се анализирале одговори на 82.772 лица од 57 држави кои минале низ конфликти. Во оваа студија се нагласува важноста на верските лидери во тоа дали ќе упатуваат кон толеранција и смирување на тензиите или пак нив дополнително ќе ги разгоруваат и ќе бодрат насилни решенија на конфликтот.
Со други зборови, едно е да имаш реис ул улема кој обожава да се слика со оружје, а сосема друго да го послушаш Ганди кој викаше:
„Потребата на овој момент не е една религија туку взаемно почитување и толеранција меѓу оние кои се посветени на различни религии.“