- Четири лица се уапсени поради проектирање фотографии на Доналд Трамп со педофилот Џефри Епстин врз кралскиот замок Виндзор, пред синоќа таму да пристигне американскиот претседател.
- Снимките на Трамп, британскиот принц Едвард, на Епстин и на малолетни жртви на неговиот синџир за проституција биле проектирани врз кула на замокот пред да пристигне Трамп. Било истакнато и големо платно со фотографија на Трамп и Епстин заедно. Пред замокот демонстрирале 70-ина луѓе.
- Американскиот претседател придружуван од првата дама Меланија денеска во замокот официјално ќе бидат пречекани од кралот Чарлс и кралицата Камила. Во чест на Трамп ќе маршираат 1.300 британски гардисти, а 120 коњаници ќе ја придружуваат кочијата со која американскиот претседател ќе го обиколи кралскиот имот.
- Трамп утре ќе се сретне со премиерот Кир Стармер во неовата резиденција Чекерс. Се очекува во рамките на посетата да бидат потпишани договори за американски инвестиции од најмалку 42 милијарди долари во проекти за нуклеарна енергија, квантни компјутери и вештачка интелигенција.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.