Брисел игра како што свири Трамп

Под силен притисок од Доналд Трамп, претседателката на Европската комисија прифати да го забрза процесот на постепено укинување на увозот на руска нафта и гас. Урсула фон дер Лaјен претходно ги одложи и плановите на Комисијата за воведување на 19-от пакет санкции за Москва. Трамп бара од ЕУ многу поостри санкции, не само за Русија, туку и за Кина и Индија.

Во објавата на Икс по телефонскиот разговор со Трамп, претседателката на Европската комисија не наведе како и со кое темпо ќе биде забрзано откажувањето на ЕУ од руска енергија.

Руската воена економија, одржувана од приходите од фосилни горива, го финансира крвопролевањето во Украина“, објави Фон дер Лајен.

Сегашниот план предвидува целосна забрана за увоз на руска нафта до 2027 година, а на гас до 2028. Категорично против се Украина и Словачка, чии индустрии зависат од руските енергенси.

Европската комисија денеска требаше да го објави и својот 19-ти по ред санкции за Москва, но Трамп не бил задоволен од пакетот. Фон дер Лајен најави дека новите мерки насочени кон Москва ќе биде презентиран „наскоро“ и ќе ги таргетира руските крипто, банкарски и енергетски сектори.

Администрацијата на Трамп ги повика членките на Г7 да усвојат царини од 50-100% за Кина и Индија - водечките купувачи на руска нафта - за да извршат притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да прифати да преговара за крај на војната во Украина.

Нешто подоцна, на 13 септември, американскиот претседател јавно повика на царини против Кина, но не ја спомна Индија. Тој предупреди дека САД нема да воведат нови царини за кинески стоки додека тоа не го направат и партнерите од НАТО. Санкциите би биле укинати кога ќе се постигне договор за крај на војната во Украина.

ЕУ, според извори на Ројтерс, нема намера да воведе царини ниту за Кина ниту за Индија, кои ѝ се важни трговски партнери, но Урсула фон дер Лајен за само неколку дена веќе два пати попушти под притисок од Трамп.

******
Види и: Заканата на Трамп за санкции за Русија е насочена кон НАТО

17 септември 2025 - 07:38