Резултатите од истражувањето што го објавува Индепендент се спротивни на претпоставката дека духовноста е на надолна линија, „напротив покажува дека Господ 'прави камбек' бидејќи помладата генерација е помалку веројатно да се сметаат себе си за атеисти.“
Во истражувањето учествуваат 10.000 лица, од кои само 13% на испитаниците под 25 години се идентификуваат себе си како атеисти, додека 62% од оние на возраст од 18 до 24 години изјавиле дека се „многу“ или „умерено“ духовни.
Споредено со нив, четвртина од лицата на возраст меѓу 45 и 60 години се нарекуваат себе си атеисти, и 20% кај оние над 65 години.
Како и да звучат резултатите тие не се добри ни за меинстрим религиите, бидејќи младите најчесто својата духовност ја бараат во „уживање во природата“ и медитирање и фокусирање на моментот, а не во „учествување во религиозна пракса“. Индепендент пишува дека овој заклучок до потврдуваат и бројките од Црквата на Англија, според која една третина од нивните цркви имаат „нула деца“ меѓу своите верници.