Карло Акутис почина во 2006 година, на 15-годишна возраст, а на пат е да биде прогласен за светец откако папата Франциско му го призна второто чудо кое го направил во текот на животот: заздравување на студент на универзитет во Фиренца кој имал крварење на мозокот по претрпена повреда на главата.
Карло Акутис беше беатифициран и прогласен за блажен - првиот чекор кон светост - во 2020 година, откако му беше припишано неговото прво чудо - исцелување на едно бразилско дете со вродена болест на панкреасот.
Карло Акутис е роден во Лондон а почина во Монца, Италија, откако му беше дијагностицирана леукемија. Неговото тело беше преместено во Асизи една година по неговата смрт, и моментално е целосно изложено заедно со другите реликвии поврзани со него.
Освен што дизајнираше веб-страници за неговата парохија и училиште, тој стана познат по веб-страницата која го документира секое пријавено евхаристиско чудо, а беше публикувана неколку дена пред неговата смрт.
Последната личност што беше прогласена за светица беше Марија Антонија де Паз и Фигуероа, позната и како Мама Антула, религиозна сестра од 18 век, која стана првата жена светица во Аргентина.