- Колумбискиот сенатор и претседателски кандидат Мигел Урибе почина два месеци откако беше застрелан во главата и во грбот на предизборен митинг во Богота.
- Неколку часа по атентатот полицијата уапси 15-годишно момче, обвинето дека пукало во сенаторот. На сослушувањето тоа рекло дека убиството го нарачал локален наркодилер.
- Досега се уапсени вкупно шест лица, вклучувајќи и двајца мажи обвинети дека го планирале убиството, но нема траги кој го нарачал атентатот.
- Министерството за одбрана нуди награда од 3 милијарди пезоси (740.000 долари) за информација што би помогнала да бидат откриени и фатени организаторите. Во истрагата на колумбиските власти им помагаат САД, Британија и Обединетите Арапски Емирати.
- Урибе, од влијателно политичко семејство во Колумбија, важеше за ѕвезда во подем. Неговата мајка, новинарката Дијана Турбај, беше киднапирана од наркокартелот Меделин на Пабло Ескобар и беше убиена при неуспешниот обид за ослободување. Неговиот дедо Хулио Сезар Турбај беше претседател на Колумбија од 1978 до 1982 година.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.