Нетанјаху ќе го тужи Њујорк Тајмс
11 август 2025
- Израелскиот премиер ги обвини меѓународните медиуми за „глобална кампања на лаги“ за гладот во Газа и најави тужба против Њујорк Тајмс.
- „Да имавме политика на изгладнување, никој во Газа немаше да преживее после две години војна“, рече Нетанјаху со напомена дека Израел има допуштено влез на два милиона тони храна која подоцна ја краде Хамас.
- Биби тврди дека жители на Газа го „молат“ Израел да ги ослободи од Хамас и дека тоа што тие го прават таму не е окупација туку ослободување.
- Нетанјаху вели дека војната може одма да заврши ако Хамас го положи оружјето, но бидејќи тие тоа не го прават, Израел мора да ја заврши работата која ја започнал.