И покрај тоа што глобалната пандемија веќе го доживува вториот бран на КОВИД-19, ова посебно не ги тангира најверните навивачи на Островот.
Ако во другите топ 5 лиги во Европа состојбата меѓу навивачите беше многу поинаква (ПСЖ не славеше титула со навивачите во Париз, Реал Мадрид не славеше титула со навивачи на плоштад, Баерн Минхен исто не ги собра навивачите), тогаш нејасно е зошто во Англија се однесуваат како стварно „да им чуе“ за пандемијата.
Ливерпул синоќа го одигра последниот домашен меч во сезоната и тоа големо дерби против Челси. Гостите, како што е редот, направија шампионски шпалир за играчите на Ливерпул, им аплаудираа иако не беа баш воодушевени што мора тоа да го прават.
Јирген Клоп по којзнае кој пат апелираше до навивачите да не се збираат околу стадионот и да слават дома.
„Ако вие не разбирате дека ова што го правиме е за вас, јас не можам никако да помогнам. Нè направивте среќни, треба да се слави по дома. Спремете вечера и кога овој срање вирус ќе пројде, ќе славиме“, рекол Клоп откако го кренал шампионскиот пехар на Енфилд Роуд по мечот со Челси.
Што се однесува до мечот паднаа вкупно 8 гола (5:3). Трент Александар-Арнолд беше играч на мечот со прекрасен гол од слободен и со асистенција - 13-та во сезоната што е рекорд на лигата. Лани Арнолд постави рекорд со 12 асистенции.
Ливерпул веќе три сезони не губи дома а за навивачите тоа е уште еден доказ дека „Енфилд“ е неосвоива тврдина под водство на командант Јирген Клоп.
Околу „Енфилд Роуд“ се собирал народ додека уште било светло надвор
Via @TomMunns1
— Nick Harris (@sportingintel) July 22, 2020
Outside Anfield tonight. We live in strange times. A season drawing to a close in late July. After (during?) a pandemic of monstrously mixed messages by a pathetically conflicted government. Not a "football issue".pic.twitter.com/1nv08aO6hu
Outside Anfield. The crowds have got much larger since the game finished @BBCNWT pic.twitter.com/sq2YPb4EFf
— Kelly Foran (@KellyForan) July 22, 2020
Историски момент чекан цели 30 години. Ливерпул стана шампион на Англија и ја освои титулата во Премиер лига првпат после 1990-та година.
ВБА И ЛИДС ЈУНАЈТЕД ВО ПРЕМИЕР ЛИГА
Во среда на 22.07 доцна вечерта, неколку дена после Лидс Јунајтед, и ВБА се пласираше во Премиер лига. Навивачите на второпласираниот клуб од Чемпионшип се собрале околу стадионот да прослават пласман во елитата, без многу осврт на пандемијата со вирусот:
WE ARE BACK! @premierleague @WBA 🤩🤩🤩🤩🤩 pic.twitter.com/i7ACCBsPPo
— Matheus Pereira (@MatheusPereira) July 22, 2020
Еве како беше надвор од „Еланд Роуд“, стадионот на Лидс Јунајтед каде нашиот Алиоски со екипата и илјадници навивачи славеа пласман во Премиер лига:
Leeds fans gathered outside Elland Road after they won the Sky Bet Championship title. #lufc pic.twitter.com/CdXsFUAAb5
— Sporting Life Football (@SportingLifeFC) July 22, 2020
Во Ливерпул 9 лица биле приведени поради нарушување јавен ред и мир.