Фудбалерот на Вест Бромвич Албион на натпреварот против Тотенхем, по еден дуел со Кајл Вокер најпрвин имаше вербален дуел, а потоа плукна кон него. За оваа негова реакција тој заработи црвен картон и суспензија од 3 натпревари, но и осуда од целата англиска јавност.
„Јас сум разочаран и им се извинувам на сите. Најпрвин му се извинувам на тренерот и на моите соиграчи затоа што имавме добро прво полувреме, а тоа се случи на стартот од вториот дел. Со Вокер си разменивме неколку зборови, а тоа се случува на секој натпревар по 10-15 пати. Потоа тој тргна кон мене, а јас немав намера да плукнам кон него. Неколку ноќи не спијам затоа што никогаш во животот не ми се случило ова. Сакав да го најдам телефонскиот број на Вокер, за да му се извинам и да му кажам дека јас не сум таков играч, но тој е сега со националниот тим. На секого може да му се случи вакво нешто, на теренот има емоции. Сакам да им се извинам и на пријателите, соиграчите, тренерите и на навивачите на клубот", изјави Попов.