Манчестер Сити пред само 2 месеци западна во резултатска криза, по што во прашање го доведоа и пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите. „Граѓаните" во ноември заиграа како што се очекува од нив, се пласираа во 1/8 финалето од ЛШ и врзаа 8 победи во сите натпреварувања, по што во моментов се на само 3 бода зад Челси во Премиер лигата.
„Сега играме со истиот интензитет на којшто игравме лани. Повторно сите играчи се во форма и веруваме во тоа што го правиме. Игравме лошо пред два месеци, но заедно ја пребродивме кризата", изјави Пелегрини, кој очекува Френк Лампард да остане во клубот до следната година.
Манчестер Сити последен пат имал 9 победи по ред во далечната сезона 1909/1910 и во есента 2011. година, кога ја освоија титулата откако го уништија Манчестер Јунајтед 1:6 на Олд Трафорд. Јаја Туре, Давид Силва и останатите минатата година победија на 18 од 20 натпревари во декември и јануари, но тогаш изброија 7 победи по ред во сите натпреварувања, а сега бркаат израмнвуање на рекордот.
Пелегрини во моментов не може да смета на Серхио Агуеро, Един Џеко и Стеван Јоветиќ, сите тројца повредени. Манчестер Сити против ВБА игра во петок од 16:00 часот.