Повод за оваа тема е поранешниот напаѓач на Вест Бромвич Албион, Џеф Астл кој почина во 2002 година на 59 годишна возраст од мозочно заболување.
Според научници од Торонто кои со години ги истражувале причините за неговата смрт, славниот фудбалер на ВБА од 60-те години најверојатно починал од оштетувања на мозокот кои биле предизвикани од големиот број на удари на топката со глава во текот на целата негова кариера.
Според нив постојаното удирање на топката со глава може да предизвика мали трауми во мозокот кои во некои случаи можно е да бидат причина за предизвикување на Алцхајмеровата болест.
„Не ги разбираме во целост долгорочните ефекти врз когнитивните способности, но постојат неколку истражувања кои покажуваат поврзаност помеѓу ударите на топката со глава и страдањата од когнитивните дефицити на долг рок“, се вели во стручната изјава на професорот од Универзитетот од Бостон, Том Швајзер.
На ова се надоврзува и Нил Риок, основач на асоцијација на поранешни играчи на Астон Вила кој изјави дека висок процент на фудбалери имаат Алцхајмеровата болест или Деменција која исто така се јавува како резултат на повреда на мозокот.
Џеф Астл важи за легенда на ВБА кој од своите навивачи го доби прекарот „The King“, а тој беше познат токму по неговата способност за играње со глава. За англискиот тим има постигнато 174 голови, а по него се крстени еден од влезовите на стадионот на ВБА, како и линијата на метрото која води до таму.