Саидо Берахино докажа дека парите во фудбалот не гарантираат добри резултати. Младиот фудбалер роден во Бурунди ја за него продолжи идеалната сезона постигнувајќи го вториот гол за ВБА на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, што се покажа и како клучен момент на овој натпревар.
На првиот гол на Берахино во Премиер лигата му претходеше хет-трик на куп натпреварот против Њупорт, како и гол на дебито за младинската репрезентација на Англија.
Берахино заедно со неговото семејство избегал од војната во Бурунди кога тој имал 10 години и добил политички азил во Англија.
Од 2011-та година е член на ВБА и ги има поминато сите младински категории на репрезентацијата на Англија, а сепак заработува само 850 фунти неделно.
Колку за споредба, ѕвездите на Манчестер Јунајтед кои паднаа во негова сенка, Вејн Руни и Робин ван Перси заработуваат по околу 250.000 фунти неделно, односно Берахино цела година не може да заработи колки што тие заработуваат за еден ден.