Од повлекувањето на Сер Алекс Фергусон од тренерските води очигледно дека некој сака да заработи и за нова кола. Навивачите кои ќе ја имаат таа чест да го видат последниот негов натпревар како менаџер се оние на ВБА кои се обидуваат да профитираат колку што е можно повеќе.
Синоќа своите билети на гостинските навивачи од „Олд Трафорд" тие отворено им ги понудија за суми од 170 па се до 3000 фунти, за да можат во живо да се збогуваат со својот миленик кој 27 години беше незаменлив во Манчестер Јунајтед.
Но денеска домаќините, своите сезонски карти за последниот меч од Премиер лигата помеѓу ВБА и Манчестер почнаа да ги продаваат по цени колку што чини еден солиден автомобил, па така тие на интернет стигнаа и до 5000 фунти.
„Никој не моќе да ми понуди доволно пари за да го продадам моето седиште. Слушнав некои суми од 600 фунти кои се нуделе, но и многу повеќе. Цените на билетите зависат од местата каде што сакаде да бидете, но реалните најмали цени се околу 30 до 40 фунти. Мислам дека вистинскиот навивач на ВБА не би ја продал својата влезница“, вели Алан Клевери, секретар на Асоцијацијата на навивачи на ВБА.
Екипата на ВБА на две кола до крајот на првенството се наоѓа на 8 позиција на табела без шанси за излез во Европа, па не е ни чудо што би се откажале од своите карти за последниот меч против Манчестер кој ќе претставува посебен за „Црвените Ѓаволи". Популарниот Ферги на 19 мај ќе се збогува од фудбалот со јубилејна бројка од 1500 натпревари на клупата на Јунајтед.