Ако пред неколку години белите копачки беа наменети за најдобриот фудбалер во екипата или за оној кој мисли дека е најдобар, денес со бели копачки на теренот истрчуваат повеќе од 48% од играчите во Премиер лигата.
На дуелите од последното коло од 13. до 15. декември во Англија, белите копачки се носеле три пати повеќе од традиционалните црни копачки, кои ги облекле 15% од фудбалерите. Дури и зелените копачки со 16,4% се попопуларни од старинските со црна боја.
Единствено во Хал Сити се држат до старата школа, затоа што минатиот викенд носеа дури 6 пара црни копачки, а останатите 5 фудбалери облекле нешто не многу светли копачки. За нов гол во 12. победа на Челси годинава, Диего Коста носеше заслепувачки розево-сини копачки.
Бојата на копачките на сите тимови во претходното коло од Премиер лигата:
Арсенал: 6 фудбалери со бели копачки, 2 со црни, 1 зелени, 1 сини и 1 со небесно сини копачки.
Астон Вила: 8 фудбалери со бели копачки, 1 пар црни, зелено-бели 1 и зелени копачки 1 пар.
Барнли: 6 фудбалери со бели копачки, 3 пара црни, 1 портокалови и 1 пар црни.
Кристал Палас: 5 бели, 2 зелени, 2 црни и 2 жолти.
Евертон: 6 бели, 3 зелени, 1 портокалови и 1 жолт.
Хал Сити: 6 црни, 4 бели, 1 зелено-сини.
Лестер: 9 бели, 1 зелени, 1 портокалово-црни.
Ливерпул: 6 бели, 4 зелени и 1 црни.
Манчестер Сити: 3 бели, 3 црни, 2 зелени, 2 небесно-сини, 2 жолти
Манчестер Јунајтед: 3 бели, 3 зелени, 2 црни, 1 портокалови, 1 жолти, и портокалово сини.
Њукасл: 6 бели, 3 портокалово сини, 1 портокалов и 1 црни.
КПР: 5 бели, 4 зелени, 2 црни
Саутемптон: 7 бели, 2 зелени, 2 црни
Стоук: 5 бели, 4 портокалови, 2 жолти
Сандерленд: 5 бели, 3 црни, 1 сини, 1 розови, 1 жолто-зелени.
Свонси: 4 бели, 3 црни, 2 зелени, 1 сини и 1 сребрени.
Тотенхем: 5 бели, 3 зелени, 1 жолти, 1 црни и 1 црвени.
Вест Бромвич: 5 бели, 2 црни, 1 зелено сини, 1 зелени, 1 жолти и 1 жолто-портокалови.
Вест Хем: 2 розови, 2 бели, 2 зелени, 2 портокалови, 2 жолто-зелени и 1 црни.