Тренерот на ВБА го избраа за најдобар во април, после 3 часа испаднаа од Премиер

Јамајчанецот роден во Бирмингем на времето играл стопер во ВБА и станал капитен па навивачите многу го засакале. На 5 меча пред крајот од сезоната во Премиер лига освоил повеќе бодови отколку Пардју на 18!

Бајка без хепи-енд. Во историјата на англиската Премиер лига неретко имало чудесни спасувања но тоа не му појде рака на Вест Бромвич во 2018.

На 2 април на 6 кола до крајот на сезоната, ВБА беше последна на табелата со дури 10 бода помалку од спасоносното 17. место и 7 бода помалку од најблискиот ривал.

Во тој момнт управата го избрка Алан Пардју и за главен тренер го назначи Дарен Мур кој одамна работел во структурите на клубот.

Ако во тој момент некој кажел дека на 8. мај Вест Бром ќе има шанси да куртули од испаѓање во ужасно тешкиот Чемпионшип а Мур ќе добие награда за најдобар тренер на месецот во Премиер лига, би го направиле луд. Но се случи токму тоа.

Вест Бромвич со Дарен Мур:

- не изгуби ниту еднаш на 5 натпревари;

- го победи Манчестер Јунајтед на гости и така го промовираше Сити и официјално за шампион;

- избегна пораз од Ливерпул иако губеше 0:2 на 15 минути до крајот;

- го победија Тотенхем со гол во судиско продолжение;

- после долго време избегаа од последното место и му го препуштија на Стоук;

- имаа шанси за спас после претпоследното коло.

Мур, којшто никогаш не работел како главен тренер, доби награда од англиската Премиер лига за тренер на месецот. Му ја врачија на 8. мај со свечена церемонија.

„Јас стојам тука со наградата, но ова е достигнување за сите во Вест Хем не само мое“, изјавил Мур кој на врачување на наградата ги повикал сите вработени во клубот вклучувајќи ги и хигиеничарите и кабинерите.


Бајката и сонот за опстанок се срушиле после 2 часа и 40 минути. Во одложениот меч играа Свонси и Саутемптон, на Вест Бромвич му требаше нерешено на овој дуел за да има шанси да се бори во последното коло, но Саутемптон победи со голот на Маноло Габјадини во второто полувреме и практично се спаси од испаѓање.

Свонси има уште шанси да го премине Хадерсфилд во последното коло ако Хадерсфилд изгуби од Челси вечерва на гости и Арсенал дома во последното коло (Свонси игра со Стоук на крај), а Вест Бром испадна во втора лига.

Дарен Мур има 44 години. Тој е Јамајчанец којшто се родил во Бирмингем. На времето играл како стопер и сменил многу клубови во пониските лиги. Најпознат клуб во неговата кариера бил токму Вест Бром: таму играл 5 години, испаѓал од Премиер лига, ја носел капитенската лента и навивачите го засакале.

Во 2012 Дарен се вратил во клубот и работел како тренер на младинските категории и помошник во првиот тим. По отказот на Алан Пардју ја доби својата шанса и на 5 меча собра повеќе бодови од Пардју на 18 натпревари!

Мур и без тоа бил многу популарен во клубот и градот а сега раководството не размислува: Дарен е главен тренер кој ќе проба да го врати Вест Бром во Премиер лига.