Како You'll never walk alone стигна до трибините?

Легендарната песна на која црвени шалови се креваат на Енфилд, па потоа жолти на Вестфален во Дортмунд и зелени на Хемпден Парк датира од 1945. година и е компнирана за мјузиклот Карусел.

Вечерва во 21:05 кога играчите на Борусија Дортмунд и Ливерпул ќе се спремаат од тунелот на Вестфален стадионот да истрчаат на терен на трибините преку 65.000 навивачи заеднички ќе ја пеат You'll never walk alone.
 
Глобално познатата навивачка химна има долго и интересно патување уште од 1945. година кога Ричард Роџерс и Оскар Хамерштајн ги напишале текстот и музиката за еден мјузикл во кој главната актерка жали по мажот кој се самоубил. Подоцна ја преработуваат и изведуваат многу познати автори како Френк Синатра, Џуди Гарланд, Елвис Присли, Енди Вилијамс и Дорис Деј.
 
Во фудбалската култура песната доаѓа во 1963. година кога групата Гери и Писмејкерс ја објавиле верзијата од You'll never walk alone која неколку месеци била на врвот на сите листи во Британија. Додека сите клубови имале кратки скандирања и плескања со раце, навивачите на легендарниот Спион Коп на Енфилд почнале да ја пеат оваа песна.
 
Во 1964. година екипа од емисијата Панорама која одела на БиБиСи снимиле видео кога песната масовно се пее на Енфилс, а првпат се слушнала на дербито меѓу Ливерпул и Арсенал кога се пеела и She Loves You од Битлси.
 
Во 1965. година за време на финалето на ФА Купот, Црвените ја пееле и на мечот против Лидс Јунајтед на Вембли. Тогаш коментаторот на БиБиСи, Кенет Волштенхолм прокоментирал дека оваа песна станува препознатлив потпис на клубот од Ливерпул.