Англиската химна ја пееше Италијанка и не ја погоди баш

Италија го загуби дербито од Англија во нашата квалификациска група за ЕП 2024 со 1:2. Мечот се играше во Неапол на стадионот Армандо Марадона. Извесна Елинора доста збунето ја испеа химната на Англија. Гостинските навивачите ја масакрираа на социјалните мрежи.

Бледа беше изведбата и на италијанската химна. Џиџи Далесио и Клементино како стихотворба да рецитираа.