Шкотска има влада слична на македонската во поглед на желбата шаком и капом да се делат бенефиции на широки слоеви од популацијата. Но, таа земја има и некој во системот кој може авторитетно да каже дека се претерало.
Преовладувачкото размислување е дека сиромашните се помалку компетентни од богатите, со тоа што ова има одреден апгрејд според кој сиромашните имаат фалични вредности и начин на размислување. Не така преовладувачки е ставот дека во сиромаштија луѓето развиваат уникатни вештини.
Еден од одговорите на Томас Едсал во колумната за Њујорк Тајмс е дека иако приходите на најсиромашните се паднати, во исто време поевтинуваат и голем број производи - мобилни, клима, телевизори, компјутери... Ама не е до тоа.
Двегодишната Ива почина во тешки маки, македонски. А можеби и ничии. Таа на овој свет, ниту жива не постоеше. Немаше извод, книшка и матичен број. Откако смрзната и со песок во носето ја најдоа во корито вкочанета, некој се сети да истражува.
Ова е универзална вистина која важи и за земји со средени финансиски институции како што е САД. Што со оние кои се надвор од системот? А нив не ги има малку, ги има повеќе отколку што гласале за Обама. 10 проценти од парите на семејствата кои не се во банкарскиот систем одат на неговата замена. Тоа е исто онолку колку што овие семејства трошат на храна.
Неколку среќни луѓе зборуваат за семејството, како и колку тие луѓе им значат и слични работи, притоа блажено несвесни дека ни родена сестра не би препознале на улица. После тоа следува пишманот.
Во многу земји во светот (вклучително и во Африка), дебелина станува поголем проблем од гладот. Кога ќе се стави националната тежина во некои демографски колони, се добиваат чудни мостри. Овојпат, за тоа како парите обратно делуваат кај мажите и кај жените.
Сиромаштијата не само што не е секогаш прашање на погрешни одлуки, лоши навики или немање амбиции (како кај Едо Маајка: Za beskućnika kažu, imo bi, da radi) туку баг во системот кој води во стапица од која скапо се излегува.
Репрезентацијата на Шпанија прими жестоки критики заради прифаќањето на повикот за одигрување на пријателски натпревар за одреден финансиски надоместок од челниците на Екваторска Гвинеја, земја богата со нафта каде 75% од народот живее во тешка беда.
"Кога ќе купам нешто, се чувствувам депресивно," вели еден од шареноликата популација Американци кои решиле да го напуштат стандардниот од 9 до 5 ритам и да се откажат од доминантниот потрошувачки модел на живеење.
Шест од вкупно седум милијарди луѓе колку што не држи планетава имаат мобилен телефон. Ама затоа, пристап до веце имаат неколку милијарди луѓе помалку.
Во Америка нема птици затоа што сиромашните Американци веднаш ги ловат и ги јадат, а луѓето живеат во шатори и пијат снег наместо кафе, или барем така се тврди во исечокот од еден северно-корејски документарец.
Или на нашки "купи ден - продај", е основната животна стратегија за огромен број Американци бидејќи не успеваат да тргнат ништо на страна за црни денови. Денес да изгубат работа, 44 проценти од Американците не би издржале следните три месеци.
Британија издвојува сериозни средства што поголем процент средношколци да се запишат на факултет. Студија покажува дека такви мерки, на таа возраст, се веќе задоцнети.
Американците земаат сè помалку лекови, сè поретко одат на лекар и сè помалку се јавуваат на Брза помош. Не затоа што се сè поздрави туку затоа што се сè посиромашни.