Пред 2 децении, тогаш 33 годишниот Ден Прајс имал жена, две мали деца,кредит со висока камата и стресна работа како фоторепортер во Кентаки.
"Везден мислев на пари, на работата, на кредитот, но се убедував дека таков е животот."
Потоа некако во раце му дошла книгата Payne Hollow од Хабард, му светнало дека може и поинаку и дигнал раце од сè. Сменил неколку напуштени кабини, живеел во шума, сега е скрасен во една подземна просторија, како за Хобити.
Не е против технологијата, има телефон и Ајпад, успева да живее со околу 400 долари месечно, подработувајќи по околните фарми.
Ваквиот натурализам беше организиран сон на хипиците во доцните 60-ти а луѓето кои денес живеат на маргините и не ги спојува никаква идеологија. Секој од нив дигнал раце од вообичаениот начин на живот со свои причини. Некому тоа е трајна одлука, некои планираат да одвојат само неколку години од својот живот во таков стил.
Се разбира, оваа групација луѓе кои доброволно решиле да живеат сиромашно се комплетно различни од оние јадници на кои сиромаштијата им е камен околу врат. Првиве имаат избор, вториве не баш.
И демографиите на групите значајно се разликуваат. Во првата група своеволни сиромаси исклучиво доминираат белци додека во другата највеќе има црнци и Хиспаноси.