- Американските сили уништија и втор брод на венецуелски нарко-картел што носел дрога за САД, објави претседателот Доналд Трамп. Нападот бил извршен во меѓународни води. Загинале три лица на бродот.
- „Овие екстремно насилни картели за шверц на дрога претставуваат закана за националната безбедност, надворешната политика и виталните интереси на САД“, порача Трамп. Посочувајќи на остатоците од бродот по нападот, тој подоцна истакна дека биле пренесувани вреќи со кокаин и фентанил.
- Венецуелскиот претседател Николас Мадуро објави дека неговата земја ќе се бори против агресијата од САД. Шефот на американската дипломатија Марко Рубио го нарече „господар на смртта и војната“.
- И на 2 септември САД извршија напад врз брод, за кој сметале дека ѝ припаѓа на венецуелската нарко-банда Трен де Арагва. Загинаа 11 луѓе.
- САД испратија седум борбени бродови и една нуклеарна подморница во јужните карипски води и уште десет борбени авиони ф-35 во базата во Порторико, заради операцијата за запирање на шверцот на дрога од латиноамериканските земји. „Ќе ги најдеме, ќе ги убиеме и ќе ги разбиеме нивните мрежи низ нашата хемисфера, во време и места по наш избор“, објави шефот на Пентагон Пит Хегсет.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.