Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Русија обвинува дека ЕУ подготвува „српски Мајдан“

16 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европската Унија стои зад „немирите во Србија“ и на 1 ноември ќе ја искористи годишнината од уривањето на настрешницата во Нови Сад за да „го доврши српскиот Мајдан“, тврди Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР).
  • „Сегашните немири во Србија, со активно учество на младите, во голема мера претставуваат производ на субверзивните активности на Европската Унија и членките на тој сојуз. Целта на европскиот либерален мејнстрим е да доведат на власт послушно раководство, кое ќе му биде лојално на Брисел“, објави руското СВР.
  • Во извештајот се додава дека на европската елита ѝ поаѓа од рака да ја спроведе намерата, бидејќи младите се радикализираат и преминуваат од мирни протести на „револуционерни методи на борба и насилство“. Како причина зошто во Србија досега не успеало веќе испробаното сценарио на „обоени револуции“, руската служба ги наведува „патриотските чувства, влијанието на Српската православна црква и сеќавањето на бомбардирањето од НАТО“.
  • Претседателот Александар Вучиќ им се заблагодари на руските партнери на известувањата за плановите за насилна промена на власта. „Не се сомневам дека можат туку така да се откажат. Премногу пари се вложени, па затоа ќе мора да направат последен обид да ја преземат власта со сила. Подготвени сме за тоа долго време“, изјави Вучиќ.
  • Руската служба објави и список од „независни медиуми што ѝ го перат мозокот на српската младина“. На него се Фонет, RAM Network, Време, Јужне вести, Слободна реч, Бум93, Подринске, Freemedia, Инѓија, СОинфо, ФАР, Storyteller, како и невладината организација Линк, за кои е истакнато дека добиваат значителна финансиска поддршка од Брисел за организирање на „српскиот Мајдан“. Асоцијацијата на независни електронски медиуми (АНЕМ) го оцени извештајот на СВР како „дел од специјалната војна, која дополнително ја загрозува безбедноста на новинарите и на локалните медиуми кои професионално известуваат за случувањата во Србија“.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

6

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
8

Почина Биљана Плавшиќ

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ексклузивно! - нај(зло)употребуваните зборови во новинарството

Приватно-јавно партнерство во цензурата

Видео игрици повеќе од екстерно

Апелот и програмата на Светланка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy