Кога си сиромашен, парите се скапи

Ова е универзална вистина која важи и за земји со средени финансиски институции како што е САД. Што со оние кои се надвор од системот? А нив не ги има малку, ги има повеќе отколку што гласале за Обама. 10 проценти од парите на семејствата кои не се во банкарскиот систем одат на неговата замена. Тоа е исто онолку колку што овие семејства трошат на храна.

Десетина милиони Американци се вон банкарскиот систем, и тоа им одзема голем дел од времето, енергијата и ресурсите, кои и онака ги немаат многу. Решението може да биде во технологијата, но и во генералната желба на општеството да го реши овој проблем.

Еден од темелните принципи на прогресивната економија е дека една богата земја би требало да направи се за да го олесни животот на сиромашните, со тоа што ќе го направи поевтин.

Тоа значи ним да им се овозможат олеснувања во однос на медицинската грижа, храната, хипотеките и грижата за децата. Ова важи и за невработените, но и за оние кои работат но заработуваат под 10,000 долари, со тоа што тие плаќаат пониска стапка на данок.

Но има и елементи заради кои во Америка е неверојатно скапо да сте сиромашни. Барбара Ајнрих во нејзината книга Nickel and Dimed, пишува дека голем број работни места се платени неверојатно малку, а тие имаат и непредвидлива иднина. Ова го отежнува правењето какви и да е долгорочни финансиски планови, од заштеда до земање кредит, бидејќи приоритет имаат најитните потреби. Нејзиниот заклучок: Скапо е да си сиромашен. Кога немаш доволно пари, тие самите стануваат скапи.

Во САД дури 70 милиони Американци немаат сметка во банка или пристап до традиционалните финансиски услуги. Тоа се повеќе луѓе отколку што има население во Калифорнија, Њујорк и Мериленд заедно. Тоа е повисока бројка од луѓето кои гласале за Барак Обама (или Мит Ромни) на изборите во 2012. Ова значи дека секогаш кога треба нешто да се плати тие мора да го направат тоа во кеш, или да користат „менувачници" во кои чековите им се заменуваат за готовина. Наместо кредитна историја која ги квалификува за банкарски позајмици, тие имаат историја на користење готовина која ги дисквалификува. Наместо ниски камати на позајмици, тие се потпираат на позајмици кои чинат три или четири пати повеќе од оригиналната позајмица. Така, без можност за користење на банки, работењето со пари станува секојдневен ангажман, кој одзема многу време, енергија и изминати километри, нешто што аналитичарите го нарекуваат „архипелаг на алтернативно финансирање".

За ова зборува и документарецот Spent: Looking For Change (Потрошено: барајќи промена), продуциран од Американ експрес, чија премиера се случи неодамна. Тој исто така зборува за тоа дека одењето во заложувалници, користењето услуги за кеширање на чекови и живеењето од краткорочни позајмици за да се преживее денот во бројки значи трошење 89 милијарди долари годишно, кои одат на провизии и камати за користење на ваквите видови алтернативни финансиски сервиси. 10 проценти од парите на семејствата кои не се во банкарскиот систем одат на неговата замена. Тоа е исто онолку колку што семејствата трошат на храна.

Целиот филм (40 мин):

Ова е аларм и за системот, но и предизвик за технологијата, која има потенцијал да ја замени инфраструктурата на банките, преку дигитални припејд сметки кои овозможуваат плаќање преку интернет, а кои можат директно да ги користат чековите, без да мора да се располага со готовина. За да ги спасат луѓето од канџите на лихфарите банките можат да најдат начини да ја мерат кредитната способност на клиентите на некои други начини. Но на крај решението за овој проблем ќе значи финасиската технолошка заедница да прифати една позната економска филозофија: дека сиромаштијата е мачна, а дека задача на едно фер општество е да ја олесни.

 

16 јули 2014 - 12:17