Натпреварот против Шпанија од страна на претседателот на државата и министерот за спорт и млади е најавен како најважниот ден во спортската историја на Екваторска Гвинеја, но не сите жители на оваа држава го доживуваат настанот на тој начин.
„Би го замолил селекторот на Шпанија, Висенте Дел Боске и неговите фудбалери да седнат во такси и да отидат во град за да видат како навистинат живеат луѓето во Екваторска Гвинеја. Тоа е диктатура. Режимот е на власт од 1979-та година, а 75% од вкупното население кое брои 700.000 луѓе, живеат во беда со плата помала од 0,75 евра на ден!" објасни претставник на група за човекови права од оваа земја.
Теодоро Обианг Нгуема Мбасого ја презеде власта од неговиот вујко во 1979-та година и има најдолг стаж помеѓу претседателите во целиот свет. Обианг го смени уставот и сега тој и неговите блиски владеат со државата.
Екваторска Гвинеја има многу нафта и е една од најбогатите држави во Африка, но богатството го имаат мал дел на луѓе блиски до власта.
Стапката на смртност кај новороденчињата во оваа земја е помеѓу најлошите во целиот свет, а само 50% од луѓето имаат пристап до чиста вода за пиење.
Во земјата има само државна ТВ и радио станица и еден весник, а странците не се добредојдени и нивните визи се одбиваат без објаснување.
За да ви биде појасна ситуацијата, ова е домот на претседателот:
ова се дел од автомобилите кои беа запленети од имотот на синот на претседателот во Париз:
а народот живее вака: