Планета на лицемерието

Полесно до мобилен отколку до веце

Шест од вкупно седум милијарди луѓе колку што не држи планетава имаат мобилен телефон. Ама затоа, пристап до веце имаат неколку милијарди луѓе помалку.

Обединетите Нации соопштија поразителна споредба – само 4,5 милијарди луѓе на планетава имаат човечки санитарни услови за живот, наспроти 6 милијарди луѓе кои можат да зборуваат на мобилен.

Со оваа почетна позиција, ОН започна глобална кампања со која треба на 2,5 милијарди луѓе да им се обезбеди/олесни пристап до тоалет.

На почетокот на овој милениум, светските лидери договорија стратешки цели за борба против сиромаштијата а со тоалетното прашање се стигнало најмалку.

Светската организацијата си даде задача до 2025 година да го елиминира празнењето на отворено што е огромен извор на разни болештини.

Тоа денеска секојдневноно го прават 1,1 милијарда луѓе. 80 проценти од нив живеат во 22 најкритични земји во светот.

Една од најчестите последици на ваквата пракса е диареата од која секоја година умираат 750 илјади (!) деца помали од 5 години.