Потенцијалниот јазичен хаос во зградата на Обединетите Нации го средува армија од 100-тина професионални преведувачи. И главно им оди мазно, но не секогаш. На пример, кога ќе се спомне Македонија.
Претседателката на Бразил со бугарско потекло Дилма Русеф одржа говор на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Тема: Слободата на говорот, приватноста, суверенитетот и шпионирањето граѓани од други држави. Мета: САД. Дипломатска оценка: Пуздер.
Шест од вкупно седум милијарди луѓе колку што не држи планетава имаат мобилен телефон. Ама затоа, пристап до веце имаат неколку милијарди луѓе помалку.