Во студијата децата се анализирани по основа на нивото на сиромаштија, имањето депресивна мајка, дали растеле со строго воспитување и дали живееле во нестабилна семејна структура.
Кога ги споредиле децата тие откриле дека ДНК-ата на оние од "економската долна половина" изгледала малку поинаку од оние на врвот. Разликата била во теломерот, кој во основа функционира како капаче на ДНК-та (наједноставниот опис е дека тоа е нешто како пластиката на краевите од врвците која спречува нивно разресување, теломерот така дејствува на ДНК-та). Со стареење, клетките кај човекот се делат, и на секое делење отпаѓа по малку од теломерот. Проблемот е што малите теломери се една од причините за стареење и рак.
Истражувачите откриваат дека кај децата што живеат во сиромаштија "капачињата" се 19% помали отколку кај просечните деца. Односно изгледаат како да остареле повеќе од своите врсници. На другата страна, кај децата од горниот дел на скалата теломерите многу побавно се намалувале.
На ниво на животински вид, единствено луѓето биле изложени на вакво оштетување на ДНК-та.