30% од населението на Рио Де Жанеиро живее во фавели, супстандардни делови на градот во кои не постојат базични санитарни, образовни и здравствени структури. Кога би се броеле само луѓето во фавелите на Рио, тоа би бил седмиот по големина град во Бразил.
За да ги добијат големите меѓународни спортски натпревари (Светскиот куп во 2014 и Олимпијадата во 2016), бразилските власти најавија системски апгрејд на фавелите. Се зборуваше за планови за пацификација на градските реони во кои владее неред и насилство, беа одвоени милијарди долари буџетски средства за градење инфраструктура.
Иако моментално не е видливо каде отишол огромен дел од парите, амбициозните планови ги разбудија пазарните механизми кои реагираа органски - со поскапување на рентата во фавелите.
И сега, најсиромашните во нив се принудени да бараат уште поевтини локации. Во последно време, тоа најчесто се стари и напуштени владини згради кои чекаат рушење. Се разбира, без санитарии, струја, вода, прозори, врати.... Во една таква зграда која некогаш била Институт за географија и статистика се наоѓа на нецели два километра од Маракана, се напикани стотина семејства.
Живеат вака:
Инаку, во 42% од домаќинствата во фавелите, глава на семејството се жените. Над 60 проценти од тамошното население себе се смета за средна класа и дури две-третини не би се селело. Гордоста, достоинството и чувството за другарство се наведуваат како главни причини за желбата за останување во фавела.