Гучи пушти фабрички направени стари и гадни патики, Баленсијага (пак на список) пушти размкнати, вреќасти тренерки…
Трендот стана познат како „сиромаштија шик“ - од славни личности што влегуваат под маска на скитник, до брендови што ја гламуризираат и романтизираат таа естетика.
Експертите велат дека вака прават од различни причини, но една од побитните е што сакаат да изгледаат relatable, „како другите“, божем, „не е дека носам јас само Гучи, види, и мене ми се скинати тренерките“. Кога ќе видиме ѕвезди што прифаќаат сиромаштија-шик, гледаме луѓе што се трудат да се хуманизираат и на фановите да им направат полесно да се идентификуваат со нив.
Или тоа, или Баленсијага е крива.
Често ги караат, бидејќи публиката тешко гледа логика во некој што заработува милиони, а изгледа како изваден од контејнер. Сепак, во повеќе случаи се работи и за следење на тренд без желба некој да се навреди - тренд кој поглемата модна хегемонија го промовира во одреден временски период.
Има убавина и финта во скинати, оштетени или божем валкани нешта и во ред е да се гледаат од една површинска, естетска перспектива.
Истовремено, проблематично е затоа што ја брише реалноста на тоа зошто некој воопшто носи облека што е валкана, скината или не му е точна.
Според еден експерт,
Точно знаат што прават. Имаат креативни тимови, имаат акционери што даваат зелено светло… Ова е предмет на долги разговори пред да имаме прилика да го видиме. Имаат ресурси и можат да истражуваат. Она што не го признаваат е дека понекогаш не се културолошки чувствителни.