Растечките нивоа на задолжување во САД и Британија, и невозможноста да се заштеди нешто, делумно можат да бидат припишани на Инстаграм и неговата способност да понуди бескрајно многу можности за луѓето да се фалат за тоа како и каде биле на одмор, за ресторани во кои се хранеле, нова облека и слично.
Притоа не сите на Инстаграм се крајно успешни „влијателни“ кои се обемно платени за да смараат околу нивниот „гламурозен“ живот и луксузите што ги опкружуваат (со педантно тагирани брендови), меѓутоа дури и споделувањето од подалечни познаници е доволно за луѓето да се заглават во долгови обидувајќи да постигнат сличен животен стил.
„Дури и да постојат луѓе што се ’влијателни’ тогаш сигурно мора да има и луѓе на кои се влијае - во овој случај претерано се влијае. Полошо е што, според неодамнешна студија, како што постојано се бомбардирани со слики од богатство и луксуз луѓето на кои се влијае не ги сфаќаат сериозно своите проблеми со парите, и на крај завршуваат уште повеќе задолжени.
Во основа, цела генерација залегнува во состојба на катастрофална финансиска удобност со слики од животниот стил на други луѓе кои воопшто не ни плаќаат за тоа што го имаат. Што тука би можело да тргне на лошо?
Можеби некој брзо треба да смисли апликација која прави банкротот да изгледа фотогенично,“ пишува Барбар Елен во текстот за Гардијан.