Според американските Центри за контрола и превенција на болести, таканаречените „бензо" лекови, кои најчесто се препишуваат заради вознемиреност и несоница, учествувале со 30% во вкупниот број на смртни случаи заради предозираност во 2013. На прво место, со 70% се опиоидите.
Истражувачите се надевале дека ќе регистрираат стабилност или намалување на препишувањето седативи, но таа нивна надеж брзо испарила кога ја прегледале националната статистика за периодот 1996-2013. Таа покажала дека процентот на возрасни во САД кои купиле седатив на рецепт годишно пораснал а ксанакс, валиум и други лекови од истата класа на рецепт се давале двојно повеќе во дадениот период во споредба со претходните години.
Не е јасно дали ова се должи на позачестеното дијагностицирање на состојбите кои овие лекови ги третираат , или пак самите лекарства стануваат повообичаени. Најчеста причина за нивно препишување е анксиозноста, врз основа на која се издадени 56% од рецептите.
Од друга страна, смртните случаи поврзани со „бензинчиња" пораснале четири пати од 1999 до 2010, односно од 0,58 на 100,000 возрасни до 3,07 на 100,000 возрасни. Најголем пораст е забележан кај групата од 18-64 години. Расте и бројот на предозирани помеѓу црнечкото и латино населението, додека оној на белото население стагнира. Смртните случаи се објаснуваат, меѓу другото, и со можноста овие лекарства да се комбинираат со други, несоодветни лекови или пак со дрога и алкохол. Особено знае да биде смртоносна комбинацијата на седативи со опиоиди, како хероин и фентанил.
Како лек за прекумерното користење вакви лекови се препорачува - непиење лекови.
Претходно: Погледнете колку луѓе умреа од предозираност со марихуана.