Блумберг пренесува анализа која пренесува дека од 3.000 лекови (не генерички) цените на 60 лекови се зголемиле за два пати, а на 20 се зголемиле за четири пати, од декември 2014-та до денес.
Ако го тргнеме Шкрели и Дараприм, меѓу поголемите скокови на цената има кај Алкортин А, комбинација на стероиди и антибиотски гел што лекува егзема и кожни заболувања, кој во овој период поскапе за 1860% или речиси 20 пати.
Ваквото однесување повлече и сослушување пред Конгресот, на кое беше заклучено дека не станува збор за неколку одметници, туку дека ваквата политика околу цените е пракса во индустријата. Таму се забележува дека освен вртоглавите поскапувања, голем број лекови продолжуваат со речиси задолжителното 10-процентно поскапување годишно.
"Податоците покажуваат дека растот на цената е интегрален дел од нивниот бизнис план," објаснува потпретседателот на компанијата за споредба на цени на здравственото осигурување, ДРХ, Џим Јокум.
Според пресметките на Јокум фармацевтските компании обично ги зголемуваат цените на крајот и на почетокот на годината, а тој забележува дека неодамнешните поскапувања се поголеми отколку во изминатите неколку години. Само од почетокот на декември најмалку 400 лекови се поскапени за околу 10%.
Од сите 3.000 лекови што ги следат од крајот на 2014-та, ДРХ забележува какво било поевтинување кај само 50 лекови.