Декриминилизарана дрога многу се опушти

Пред четири години Орегон го донесе најлибералниот закон во САД за декриминилизарање на дрогите. Во меѓувреме, злоупотребите на дроги и несаканите општествени нус-појави толку многу се прошириле што веќе не можеш дете да пуштиш на улица. Сега повторно ја криминализираат дрогата, дилерите ќе се казнуваат а оние со мали дози ќе бираат меѓу казна и превоспитување.

Ре-криминализирање на дрогите е само првиот неопходен чекор за поправавање на штетите што ги предизвика претходниот закон на демократите, изјави лидерот на републиканците во законодавниот дом на Орегон.

„“Видовме умирања од овердозирања, видовме како дроги се конзумираат по улици, криминал, бездомништво...“ вели Џеф Хелфрич жалејќи што неговите политички противници можеле сето тоа да го спречат но не сакале.

Штотуку донесениот закон всушност е враќање на стариот закон кој важеше до 2020 година, кога демократите, охрабрени од 58 процентна поддршка на јавното мислење, ја декриминализираа дрогата, донесувајќи закон кој се оценуваше како најлиберален таков акт во САД.

Во меѓувреме, дрогата и нејзините корисници станале толку опуштени што велат дека веќе не можеш дете да пуштиш само по улици или во парк а да не се соочи со некоја трауматизирачка сцена или пак да влезе во опасност.

Дилањето дрога сега повторно строго се казнува а оние кои ќе бидат фатени да поседуваат мали количини фентанил, хероин, кокаин... можат да бираат меѓу покана од суд или комплетирање третман за социјална и здравствена рехабилитација.

 

8 септември 2024 - 07:59