Во 2022 речиси 17,7 милиони луѓе пријавиле дека користат марихуана секој ден или речиси секој ден, споредено со 14,7 милиони луѓе што пиеле секој ден или речиси секој ден. Во 1992, кога користењето марихуана достигнува најниско ниво на САД, помалку од 1 милион луѓе изјавиле дека секој ден дуваат.
Употребата на алкохол и понатаму е пораширена во САД, но 2022 е прв пат интензивното користење марихуана да го надмине она на алкохолот.
„Добри 40% од сегашните корисници на канабис го користат дневно или речиси секој ден, однесување кое повеќе се поврзува со користењето тутун отколку со алкохолот,“ објаснува авторот на студијата од Карнеги Мелон Универзитетот, Џонатан Колкинс.
Од 1992 до 2022 пријавеното секојдневно користење на марихуана е 15-кратно зголемено. Колкинс објаснува дека ова делумно се должи и на тоа што дувањето станало јавно поприфатено.
Други студии до сега покажаа дека почестата употреба на марихуана ги зголемува шансите и за создавање зависност кај корисниците.