Талибанците го сотреа хероинот како никој, никаде до сега

Новиот извештај на Обединетите нации тврди дека одгледувањето на афион и производството на опиум во Авганистан по ново е намалено за 95% откако Талибанците решија да ја забранат оваа култура.

Талибанците се вратија на власт во земјата во август 2021 по американска капитулација каква што не е видена од Виетнам, и веќе во април 2022 тие го забранија одгледувањето на опиум.

По забраната површината засадена со афион во Авганистан од 233.000 хектари на крајот од 2022, паднала на 10.800 хектари во 2023, или само 5%. Ноемврискиот извештај е важен затоа што сега е сезона за садење на афион за жетвата во 2024.

Истиот тренд го следи и производството на опиум кое од 6.200 тони во 2023 паѓа на само 333 тони.

Од Обединетите нации предупредуваат дека ваквиот успех на Талибанците во борбата против производството на хероин може да има „хуманитарни последици за голем број рурални заедници“, бидејќи одгледувачите сега ќе треба да се преориентираат на понепрофитабилни култури.

Авганистанското министерство за внатрешни работи „до некаде“ се согласува со процените на О.Н. за површината на кој се одгледува афион, меѓутоа ги отфрла тврдењата околу социјалното влијание на забраната за одгледување.

8 ноември 2023 - 13:24